• 24/7 достапни
  • Тел.број: +38978734169
  • cybermedico.clinic@gmail.com

Платформа за консултации со лекари специјалисти од удобноста на вашиот дом

Достапност до најдобрите кадри во медицината сè со цел решавање на вашите медицински проблеми, закажете консултација со само два клика.

image
image
image
image
image
image
image

Персонализирана нега

Индивидуален пристап од нашите лекари: Персонализирана медицинска нега за секој пациент.

Прочитај повеќе +

Тим од најдобрите

Тим на лекари исполнет со најдобрите кадри. Специјалисти со многубројни награди и искуства од медицински центри во Европа.

Прочитај повеќе +

Мобилност

Специјалисти од Германија, Либан, Англија и други земји сега достапни од вашиот дом со само два клика.

Прочитај повеќе +
image

Стручно медицинско мислење од страна на нашите лекари специјалисти преку писмена или видео консултација

Изберете го лекарот специјалист релевантен за вашиот проблем и типот на консултација кој ви одговара. Со вас во текот на целиот процес додека не се најде најдоброто решение за вашиот медицински проблем.

  • Дијагностика
  • Персонализирана нега
  • Конзилијарни мислења
  • Лекување во странство
  • Врвни експерти
  • Експресивност
Нашите лекари

Лекари Специјалисти

Тимот на експерти и лекари специјалисти на CyberMedico Clinic

image

Dr.Goran Trajkovski

Интерна мед. Холистичка мед.
image

asist.Prof.Dr.Mazen Hammoud

ОРЛ, Пластична Хирургија
image

Prof.Dr.Aspazija Sofijanova

Педијатрија
image

Doc.Dr.Liljana Tomasic

Онкологија

Што нудиме

Видео Консултација

  • Видео повик со избраниот лекар
  • Обработка на медицинска историја
  • Поставување на дијагноза
  • Поставување на препорачана терапија
  • Изработка на план за лекување
  • Пишување на пораки со лекарот
  • Добивање на медицински извештај
  • Обработка на цел клинички случај

Писмена консултација

  • Писмен одговор од лекарот
  • Обработка на медицинска историја
  • Стручно мислење за поставеното прашање
  • Обработка на сегмент од клиничкиот случај

Пораката е успешно испратена!

0 +

лекари специјалисти

0 +

медицински центри

0 ден

до стручен одговор

00 +

години искуство

Контакт

FAQ

Често поставувани прашања

Погледнете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти

  • Како да закажам консултација, како изгледа целиот процес?

    Закажувањето на консултација е со притискање на дугмето ЗАКАЖИ КОНСУЛТАЦИЈА, потребно е да ги исполните полињата, да го изберете лекарот и да платите со платежна картичка внесувајќи ги вашите податоци од картичката. После закажувањето добивате известување на е-пошта дека успешно сте ја закажале консултацијата, во рок од 24 часа добивате преку истата е-пошта закажан термин со лекарот каде што се наоѓа и линк преку кој се вклучувате на самиот видео повик во закажаното време. После оддржаната консултација лекарот во рок од 24 часа ви доставува медицински извештај. При писмена консултација добивате одговор во писмена форма на вашата е-пошта, а секако претходно сте известени дека успешно сте ја закажале консултацијата.

  • Како да комуницирам со вас доколку имам прашање, проблем или сакам да откажам/презакажам консултација?

    На екранот имате дугме – слушалка кое што директно ве поврзува со нашата администрација. Достапни сме 24/7 и одговараме во најкратко време сè со цел решавање на вашиот проблем. При проблем со консултација или потреба за откажување/презакажување ви стоиме на располагање. Доколку е прашањето од поширок и административен аспект, ве молиме контактирајте нè преку опцијата КОНТАКТ.

  • Која е разликата помеѓу Видео Повик и Писмена консултација?

    Пред се Видео Повик консултацијата има повисока цена, меѓутоа тоа е со причина, поради тоа што Видео Повик консултацијата се заснова на обработка на цел клинички случај, вклучувајќи обработка на медицинска историја, поставување на дијагноза, поставување на препорачана терапија, изработка на план за лекување и секако после оддржаната консултација добивање на медицинскиот извештај од страна на лекарот. Од друга страна, Писмената консултација има пониска цена и се заснова на одговор и стручно мислење од страна на лекарот за специфично и прецизно прашање кое може да биде за промена на терапија, појава на нови симптоми и слично. Секогаш е препорачано првата консултација со лекарот да биде Видео Повик консултација сè со цел лекарот да може да ве запознае и да ја запознае целосната слика на вашето здравје.

  • Колку време се чека за Видео Повик консултација, а колку за Писмена Консултација?

    Кога успешно ќе закажете Видео Повик консултација, во рок од 24 часа на вашата е-пошта добивате закажан термин и линк за вклучување на повикот во живо. Закажаниот термин може да биде од два до пет работни дена по плаќањето на Видео Повик консултацијата. Опцијата Итна Консултација ви овозможува закажување на Видео Повик Консултација за помалку од еден работен ден. Одговор за Писмените Консултации од страна на нашите лекари можат да бидат од два до седум работни дена од денот на поднесување на писмената консултација.

  • Што е Итна Консултација и колку чини?

    Опцијата Итна Консултација се доплаќа 25€, а со тоа овозможувате итна комуникација и пристап до лекарот со тоа што сите информации ќе ги имате за помалку од 24 часа. Тоа значи дека консултацијата, обработката на вашиот клинички случај, медицинскиот извештај и видео повикот ќе бидат завршени во рок од еден ден. Оваа опција ја препорачуваме на клиенти кои пред сè имаат акутни дијагнози и состојби, сè со цел да ви овозможиме брз пристап до нашите лекари и нивните одговори за вашиот проблем.

  • Што доколку докторот со кој сакам да се консултирам не зборува Македонски јазик?

    При закажување на консултација имате опција да одберете доколку ви е потребен преведувач во текот на самата консултација кој е потполно бесплатен сè со цел да ви обезбедиме целосна и непрекината комуникација со нашите доктори од странство.