Следете ги инструкциите и успешно закажете консултација со посакуваниот лекар специјалист, доколку се двоумите кој е правиот избор за вашиот проблем, слободно контактирајте нè на слушалката подолу и ќе ви помогнеме во изборот.
Нашата цел е преку видео повик и писмените консултации секој од нашите клиенти да добие персонализирана медицинска нега од нашите лекари бидејќи секој организам е уникатен на свој начин. Од нашите доктори добивате потполно внимание и посветеност, медицинска и морална поддршка во целиот процес на лекување и пред сè квалитетни и професионални медицински совети и инструкции.
Погледнете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти
Закажувањето на консултација е со притискање на дугмето ЗАКАЖИ КОНСУЛТАЦИЈА, потребно е да ги исполните полињата, да го изберете лекарот и да платите со платежна картичка внесувајќи ги вашите податоци од картичката. После закажувањето добивате известување на е-пошта дека успешно сте ја закажале консултацијата, во рок од 24 часа добивате преку истата е-пошта закажан термин со лекарот каде што се наоѓа и линк преку кој се вклучувате на самиот видео повик во закажаното време. После оддржаната консултација лекарот во рок од 24 часа ви доставува медицински извештај. При писмена консултација добивате одговор во писмена форма на вашата е-пошта, а секако претходно сте известени дека успешно сте ја закажале консултацијата.
На екранот имате дугме – слушалка кое што директно ве поврзува со нашата администрација. Достапни сме 24/7 и одговараме во најкратко време сè со цел решавање на вашиот проблем. При проблем со консултација или потреба за откажување/презакажување ви стоиме на располагање. Доколку е прашањето од поширок и административен аспект, ве молиме контактирајте нè преку опцијата КОНТАКТ.
Пред се Видео Повик консултацијата има повисока цена, меѓутоа тоа е со причина, поради тоа што Видео Повик консултацијата се заснова на обработка на цел клинички случај, вклучувајќи обработка на медицинска историја, поставување на дијагноза, поставување на препорачана терапија, изработка на план за лекување и секако после оддржаната консултација добивање на медицинскиот извештај од страна на лекарот. Од друга страна, Писмената консултација има пониска цена и се заснова на одговор и стручно мислење од страна на лекарот за специфично и прецизно прашање кое може да биде за промена на терапија, појава на нови симптоми и слично. Секогаш е препорачано првата консултација со лекарот да биде Видео Повик консултација сè со цел лекарот да може да ве запознае и да ја запознае целосната слика на вашето здравје.
Кога успешно ќе закажете Видео Повик консултација, во рок од 24 часа на вашата е-пошта добивате закажан термин и линк за вклучување на повикот во живо. Закажаниот термин може да биде од два до пет работни дена по плаќањето на Видео Повик консултацијата. Опцијата Итна Консултација ви овозможува закажување на Видео Повик Консултација за помалку од еден работен ден. Одговор за Писмените Консултации од страна на нашите лекари можат да бидат од два до седум работни дена од денот на поднесување на писмената консултација.
Опцијата Итна Консултација се доплаќа 25€, а со тоа овозможувате итна комуникација и пристап до лекарот со тоа што сите информации ќе ги имате за помалку од 24 часа. Тоа значи дека консултацијата, обработката на вашиот клинички случај, медицинскиот извештај и видео повикот ќе бидат завршени во рок од еден ден. Оваа опција ја препорачуваме на клиенти кои пред сè имаат акутни дијагнози и состојби, сè со цел да ви овозможиме брз пристап до нашите лекари и нивните одговори за вашиот проблем.
При закажување на консултација имате опција да одберете доколку ви е потребен преведувач во текот на самата консултација кој е потполно бесплатен сè со цел да ви обезбедиме целосна и непрекината комуникација со нашите доктори од странство.
Copyright © CyberMedico. All Rights Reserved.