• 24/7 достапни
  • Тел.број: +38978734169
  • cybermedico.clinic@gmail.com

Политика за приватност

I.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Оваа Политика за приватност се однесува на платформата, телефонска апликација под името „CyberMedico Clinic” („платформа”, „телефонска апликација”,) и/или интернет-страницата на www.cybermedicoclinic.com во сопственост на и Сајбер Медико ДООЕЛ („CyberMedico Clinic”, „ние”) со седиште на ул. булевар „Гоце Делчев“ бр.90, Прилеп 7500, и објаснува како платформата, телефонска апликација и интернет-страницата ги собира и ги користи информациите за посетителите и корисниците на платформата, телефонска апликација и интернет-страницата, вклучително и персоналните информации кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на платформата, телефонска апликација и интернет-страницата. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате. Со користењето и/или пристапувањето на платформата, телефонска апликација и интернет-страницата, вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење. Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни.Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.

II.ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ

а. Лични Информации: Можеме да собираме лични информации, вклучувајќи, но не се ограничувајќи на вашето име, контакт информации, датум на раѓање и здравствени информации потребни за обезбедување на Услугите на нашата платформата, телефонска апликација и интернет-страницата „CyberMedico Clinic“. б. Податоци за Користење: Собираме информации за начинот на користење на нашите Услуги, вклучувајќи податоци за налози, информации за уредот и обичаи на користење.

III. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ

а. Обезбедување на Услуги: Користиме ги вашите информации за обезбедување на горенаведените Услуги, на нашата платформата, телефонска апликација и интернет-страницата „CyberMedico Clinic“ б. Подобрување на Услугите: Можеме да користиме податоци за анализа на обичаите на користење, подобрување на нашите услуги и зголемување на корисничкото искуство.

IV. СПОДЕЛУВАЊЕ И ОБЕЛЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ

а. Со Здравствените лица кои се во соработка со Сајбер Медико ДООЕК: Споделуваме потребни информации со нив вклучени во вашата нега. б. Законска Усогласеност: Можеме да откриеме информации кога е потребно според законот или за заштита на нашите права и спроведување на законски процеси.

V. БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Сите кориснички информации кои се сочувани во системот се чуваат во безбедни бази на податоци, заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап, безбедносни лозинки, SSL енкрипција, firewalls и останати мерки на безбедност. Меѓутоа, ниту една компанија, вклучувајќи го и Сајбер Медико ДООЕЛ, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.

VI. ЛОГ ДАДОТЕКИ

Кога се пристапува до платформата, телефонска апликација и интернет-страницата, постои можност да ги собераме информации и ги зачувуваме во лог датотеки. Овие информациии ги вклучуват: IP-адресите, адресите на страниците до кои се пристапува (URL), географските локации, типот на пребарувачите, интернет сервис провајдерите (ISP), оперативните системи, посетените страници, времето на посета и слично. Ние ги користиме овие информации, кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници, за статистички цели, за анализа на трендови, за да се администрираат веб-сајтовите, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтовите и за да се соберат демографски информации за нашата база на корисници во целина. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.

VII. БИЗНИС ТРАНЗИЦИЈА

Доколку Сајбер Медико ДООЕЛ помине низ бизнис транзиција, во таа транзиција најверојатно ќе бидат опфатени и персоналните информации. Корисниците ќе бидат известени преку е-маил доколку дојде до каква било промена на сопственоста или промена на контролата на нивните личните податоци.

VIII. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници. Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.

IX. ДОГОВОРЕНА МЕСНА НАДЛЕЖНОСТ

Оваа Политиката за Приватност ќе бидат спроеведени и толкувани во согласност со законите на Република Северна Македонија, пред Основниот суд Прилеп, булевар "Гоце Делчев", Прилеп 7500. Во случај на спор корисникот се согласува месно да биде надлежен Основниот суд Прилеп, булевар "Гоце Делчев", Прилеп 7500 Република Северна Македонија. Корисникот е согласен за се што не е предвидено во овој договор да се применуваат позитивните законски прописи од Република Северна Македонија како и Европските конвенции за таа област.